„Пренеси ја божиќната радост до секое срце“ е мотото на бадниковата поворка во Прилеп
На овогодишната поворка ќе настапат 300 дечиња...
По повод Бадник по 15 пат се организираат бадниковите
поворки во Прилеп кои годинава се под мототот „Пренеси ја божиќната радост до
секое срце“. Како што велат организаторите годинава бројот на пријавени дечиња
е зголемен и на истата ќе учевствуваат 300 дечиња.
Поворката започнува на 6.1.2025 година (понеделник) во
09:00 часот наутро од пред Камената бина во центарот на Прилеп каде што од пред
неколку дена е поставена и божиќната пештера која потсеќа на рождеството
христово. Локацијата на движење на
поворката е од Камена бина кон параклисот на Свети Никола, продолжува покрај
пицеријата „Леоне“ , кон пешачкиот премин кај аптеката „Зегин“ , од таму
поворката продолжува кон старата прилепска чаршија, потоа кон градскиот плоштад,
поворката ќе помине и пред Участакот од каде со движење ќе продолжи кон
пешачкиот премин кај продажниот салон на „Сетек“, а потоа поворката се упатува
кон и пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп и крајната дестинација од поворката е
повторно Камената бина.
Дечињата од бадниковата поворка на камената бина ќе ги
отпеат „Вечниот бог“, „Тропар на Рождество Христово“ и „Кондак на Рождеството
Христово“. Како што велат организаторите дечињата пред камената бина ќе бидат
пречекани од прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески кој ќе им подари
пригодни подароци.
По завршување на бадниковата повоорка во Прилеп верниците
се покануваат да го посетат најблискиот црковен храм, а на ден Божиќ на
7.1.2025 година (вторник) да присуствуваат на црковната литургија за сите
заедно достојно да го дочекаме Божиќ и срдечно да речиме „Христос се роди“ и „Навистина се роди“.
#Локално
Коментари
Постави коментар