Апел од Општина Прилеп да не се пали депонијата кај Алинци

Од Општина Прилеп излегоа со апел да не се пали депонијата кај прилепско Алинци...

Од Општина Прилеп  аплерираат да не се пали депонијата кај прилепското село Алинци. Од општината велат дека веќе четврти ден во тек е акцијата за целоцно гаснење на пожарот во депонијата, а според информациите истиот бил предизвикан од човечки фактор.

Веќе четврт ден во тек е акцијата за целосно гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци, кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор. Во изминатите три-четири дена, под координација на ЈКП Комуналец, со максимална ангажираност и координација, работиме на справување со оваа состојба.Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата.-велат од Општина Прилеп.

Инаку, од општината додаваат дека ги повикуваат граѓаните на одговорност и свесност за да не дозволиме вакви ситуации кој ја загрозуваат животната средина и човековото здравје и упатуваат благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и уверуваат со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација.

Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност, да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот. Општина Прилеп изразува голема благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и ве уверуваме дека продолжуваме со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација.“-додаваат од Општина Прилеп.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови