Со Божиќна честитка излезе и претседателот на СДСМ Венко Филипче
Филипче го честиташе Божиќ...
На социјалата мрежа фејзбук попладнево со божиќна честитка излезе и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди на сите православни верници, им го честитам големиот христијански празник Божиќ! Денеска присуствував на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање Божиќ, со која што чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Денешниот ден е празник кој обединува, сплотува и кој значи безусловна љубов. Нека раѓањето Христово биде поттик да се потсетиме на вредностите кои не обединуваат – солидарност, хуманост, разбирање, заедничка грижа за доброто на секој човек. Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобри, помирни, поправедни и побогати места за живеење. Посакувам Божиќ да донесе благосостојба, мир и спокој во секое семејство, во секој дом. Христос се роди! Честит Божиќ!“-вели Филипче во честитката.
#Празнични честитки
Коментари
Постави коментар