Градоначалникот на Општина Прилеп во работна посета на Австрија

Целта на посетата е за подобрувањето на социјалните услуги во Прилеп...

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески денеска е во работна посета на Австрија, а целта на оваа посета е за подобрувањето на социјалните услуги во Прилеп. 

Градоначалникот Јовчески на својот фејбук профил напиша дека работната недела во Австрија ја започнал  со претсатвници од Центарот за развој и едукација од Прилеп, како и со негови колеги градоначалници од повеќе македонски општини.

Ја започнавме нашата работна недела во Република Австрија, заедно со претставници од Центарот за развој и едукација од Прилеп, колеги градоначалници од повеќе општини од Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, како и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп. Посетата е дел од проектот TRANSACT: Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности.“-вели Јовчески.

Според Јовчески овој проект кој е поддржан од австриското сојузно министерство за политики, здравство, нега и заштита на потрошувачите.

Овој значаен проект, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, ќе го донесе пилотирањето на новата социјална услуга „Медицинска сестра во заедницата“ за првпат во нашата држава и во нашиот град Прилеп. Целта на оваа услуга е да овозможиме медицинска нега за лица и семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.“-додава Јовчески.

Инаку, Јовчески потем вели дека во текот на посетата македонските градоналаници ќе одржеле средби со водечки организации и институции во Австрија кои кој обезбедувале здравствени и социјални услуги. Средбите според Јовчески ќе бидат преку размена на знаења и искуства, а исто така и ќе ги проучувале успешните практики за нивната примена во нашата зедница.

Со оваа иницијатива заедно со автриските партнери работеле на создавањето на инивативни решенија и подобрување на пристапот до квалитетни социјални улуги за граѓаните.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп