Гест за почит! Ресторан „Деспина“ организира хуманитарна забава за Виктор Николоски

 На хуманитарната забава ќе пее и Дарко Филиповиќ...

Прилеп е познат град на хероите, а сега е познат и како град на хуманоста бидејќи, повеќе јавни претпријатија и кафулиња, ресторани и невладини организации за помалку од  еден ден се обединија и организираа повеќе настани од хуманитарен карактер се’ со цел да му помогнат на нашиот 26-годишен сограѓанин Виктор Николоски.

Кон овие настани се приклучи и добропознатиот и признат прилепски ресторан „Деспина“ со локација на улица „Трајко Николоски“ кои што в петок на 31.1.2025 година со почеток од 20:00 часот организира хуманитарна забава. 

На забавата ќе настапат Алтернатор Бенд, Леонид Бенд, Париз Париз, Тренд Бенд, Елена Јовческа и српската музичка ѕвезда Дарко Филиповиќ.

Влезниците се по цена од 300 денари, а средствата од истите како и половина од средствата од прометот на овој познат прилепски ресторан ќе бидат хуманитарно донирани за нашиот млад и посветен 26-годишен сопруг и татко на четири месечно бебе Виктор Николоски.

За повеќе информации и резервации на телефонските броеви од ресторанот „Деспина“ 048/403-343 и 072/209-996.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми