Општина Прилеп организира хуманитарна забава за Виктор Николоски

Забавата е на платото кај прилепскиот градски саат...

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на денска забава која има хуманитарен карактер. Забавата ќе се одржи в сабота (1.2.2025 година) од 12:00 часот напладне, а нејзината локација е на платото под градскиот саат.

За забавата ќе се погрижат момците од добропознатата прилепска музичка група Лок Даун. Од општината велат дека на забавата ќе има поставено штандови од „Прилепска Пиварница“, а на штандовите ќе има освежителни алкохолни и безалкохолни пијалоци, а ќе има поставено и кутии за донации. 

Според информациите од Општина Прилеп, собраните парични средства од забавата ќе бидат донирани за лекувањето на нашиот 26-годишен сограѓанин Виктор Николоски.

Инаку, за потсетување на Виктор Николоски му е пронајден тумор на мозокот, а операцијата и лекувањето треба да се изврши во клиника во Турција. Николоски е посветен сопруг и татко на четири месечно бебе.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп