За пет дена истекува мерката „Празнична потрошувачка кошница“
За пет дена односно на 15.1.2025 година истекува важноста на мерката „Празнична потрошувачка кошница“...
Деновите пред истекување на важноста од мерката „Празнична потрошувачка кошница’’ полека изминуваат. Синдикалните организации велат дека мерката била добра, но траела кратко, а тие сметаат дека треба да се воведат долготрајни мерки за да се задржи моќта за купување кај потрошувачите.
Имено, граѓаните велат дека трговците прават манипулации со цените, а додаваат и дека добро е што Владата ги затегнала цените со мерката, но истата не ги дала посакуваните резултати барем кај потрошувачите.
Од Владата велат дека ќе има и други мерки во иднина се’ со цел за да им се помогне на граѓаните. Од Владата додаваат дека инспекторите ја следат ценовната состојба во маркетите, а од институтот „Finance Think“ , препорачуваат мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на висока инфлација, а пазарните принципи да си останат за во другите случаи.
Инаку, мерката „Празнична потрошувачка кошница“ или попозната како „новогодишна кошница“ беше воведена на 15.12.2024 година, а истата трае до 15.1.2025 година, а со оваа мерка за 10% требаше да поевтинат повеќе од 1.000 производи.
#Македонија
Коментари
Постави коментар