Започна Вевчанскиот карневал

Со дефилето под маски започна вевчанскиот карневал...

Денеска на пладне со традиционалното дефиле под маски започна Вевчанскиот карневал.  Вевчанци под маски на сатиричен начин, ја зачуваа 15-вековна традиција, а тие преку маските ќе пробаат да ги покажат и докажат случувањата од изминатата 2024 година, а случуваата што ќе ги прикажуваат главно се од политичкиот живот во земјава но и во странство. Верувањето е дека василичарите преку маските го бркаат злото и прочистени ја дочекуваат правослвната нова година, Василица, според јулијанскиот календар. Василичарите денеска ќе испратат пораки за промена на сите негативни случувања низ целиот свет.

Имено, струшко Вевчани во текот на денешниот и утрешниот ден ќе наликува на отворен театар, кој е без сценарио и режија, а е организиран од страна на двете василичарски друштва Горна и Долна маала кои се на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. По главните маски следуваат и останатите маски, секоја со својата приказна кои ќе го привлечат вниманието на сите присутни.


#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен