На полноќ посакпуваат горивата

Од РКЕ известуваат дека од полноќ цените на горивата се менуваат...

Од Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) известуваат дека цените на горивата од полноќ се зголемуваат. Со новата одлука цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од полноќ истиот ќе се продава за 73,5 денари за литар.

Со одлуката за 1 денар се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР БС 98 и од полноќ истиот ќе се продава за 81,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 се зголемува за 1,5 денари за литар, и од полноќ истиот ќе се продава за 78 денари за литар.

Инаку, со новата одлука на РКЕ од ноќеска на полноќ за 1 денар посакупа и цената на екстралесното масло за домаќинство и истото ќе се продава за 73 денари за литар. Со одлуката намалување на цената за 0,4 денари има кај МАЗУТОТ М1-НС и истиот од утре ќе се продава за 45,3 денари за килограм.


#Економија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!