Фрлањето на светиот крст во Прилеп ќе се изврши во водите од базенот од хотелот „Салида“

Пријавувањето на кандидатите кои ќе скокаат по светиот крст е на 15 и 16 јануари...

Од Општина Прилеп ги известуваат граѓаните дека по повод христијанскиот празник Богојавление или познат како Водици светиот крст годинава во Прилеп ќе се фрла во водите од базенот во хотелот „Салида“ Фрлањето на светиот крст ќе се случи на 19.1.2025 година (недела) од 12:00 часот напладне.

Од Општината исто така велат дека пријавувањето за учесници е на 15 и 16 јануари. На пријаувањето кандидатите задолжително со себе да имаат копија од лична карта. Пријавуваењето на кандидатите е исклучиво лично и истото ќе се одвива во приемното одделение во општинската зграда од 09:00 часот наутро до 15:00 часот попладне.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп