АМСМ: На повеќе патни правци има намалена видливост поради магла
Од АМСМ известуваат дека...
Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег провејува на патните правци Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража, Делчево и Страцин, но не се задржува на коловозот.
Од АСМС известуваат дека намалена видливост поради магла има во Крушево – 100 метри и на планинските премини Стража – 100 метри и Плетвар – 100 метри.
Од АМСМ известуваат дека од фреквенцијата на возила интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, а од сезонскиот режим на сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Инаку, според информациите добиени од АМСМ Од 15.11.2024 година започна е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година
АМСМ исто така известува дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Работи на пат:
Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека на автопатот Демир Капија – Смоквица во период од 23.12.2024 до 23.01.2025 ќе се одвива реконструкција на левата тунелска цевка од Тунел Т1. Во тој период левата тунелска цевка ќе биде целосно затворена за сообраќај додека сообраќајкот ќе биде пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообрќајот.
“Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.
Доколку ви требаат повеќе информации јавете се на бесплатниот телефонски број од АМСМ 02/15-555.
Од ИНФО-ПРИЛЕП ви посакуваат среќен пат каде и да патувате и ви препорачуваат да возите внимателно.
Избор на информации:АМСМ
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар