Денеска е денот на христовото рождество Божиќ
Денеска е највеселиот христијански празник Божиќ...
Денеска е еден од
највеселите празници во христијанската религија посветен на рождеството
хриството Божиќ. Божиќ се слави три дена од 7 до 9 јануари.
Божиќното утро започнува
така што во раните утрински часови камбаните од црквите и манастирите почнуваат
да чукаат, се облекува свечена облека и се оди во црква на утринската божиќна
литургија.
На Божиќ се појадува од
Бадниковата трпеза која потоа се раскрева, а
на Божиќ исто така прекинуваат божиќните пости и може да се почне со
мрсење (јадење на мрсна храна). На Божиќ семејствата кои имаат мали деца се подготвуваат и заминуваат на гости кај
своите најблиски веднаш после појадокот, а на Божиќ се поздравува со поздравот
„Христос се роди“ и „Навистина се роди“.
Целта на Божиќ е луѓето
да се поврзат со бог и со своите најблиски, да поминат заедничко квалитетно
време и да го прослават раѓањето христво.
Се верува дека ако на
Божиќ врне со плод ќе вроди се што е копано со мотика, а во некои краеви се
верува дека ќе има многу мед доколку бадникот сам по себе фрла многу искри.
Едно од вреувањата кај
постарите е дека пред јадењето членовите на семејството истовремено треба да ги
соблечат чевлите бидејќи, според верувањата на старите доколку се направи ова
пред јадењето жените побрзо и полесно ќе го родат својот плод, бебето, а
кравите побрзо ќе се отелат и овците побрзо ќе се објагнат.
Инаку, на првиот ден од
Божиќ име слават оние кои се викаат Христијан, Христина, Божин, Божана,
Кристијан, на втор ден Божиќ име чекаат оние кои се викаат Јосе, а на третиот
ден од Божиќ име чекаат оние кој се викаат Стефан, Стеван, Стефанија и други.
Дежурната екипа на
ИНФО-ПРИЛЕП ви го честита Божиќ и ви посакува здравје, љубов и мир, а на
славениците им ги честита имендените и им посакува пријатно празнично
расположение.
#Македонија

Коментари
Постави коментар