Бобан Тошески го фати светиот крст за Водици во Прилеп
Тошевски скокал шест пати, а првиот пат скокал во Охрид...
По повод
празникот Богојавление-Водици како и во сите градови од Македонија така и во
Прилеп се случи положување на светиот крст во водите. Во Прилеп положувањето се
случи во базенот од хотелот „Салида“.
По светиот крст
во водите од базенот скокнаа околу 130 верници, а најбрз помеѓу нив беше 25
годишниот Бобан Тошески, кој за медиумите вели дека по светиот крст скокал шест
пати. Првата година скокал во Охрид, а по шест години желбата за да го фати
светиот крст му се остварила токму во неговиот роден град Прилеп.
„По светиот крст скокам по шести пат, а првиот пат
скокав во Охрид. По шест години скокање ми се исполни желбата да го фатам
светиот крст. Во оваа година очекувам и посакувам многу здравје, среќа на
сите.“-вели Тошески
На светиот чин во
хотелот „Салида“ присутен беше прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кој на
сите верници им го честиташе празникот, а на Тошески му посака среќа.
„Годинава во Прилеп имаме 130 учесници, а во
околу 20 населени места традиционално го
одбележавме овој свет празник. На сите мои сограѓани, верници и учесници им
посакувам здравје, среќа во нивните домови, а секако најмногу среќа му посакувам
на нашиот сограѓанин, наоѓач на светиот крст, Бобан Тошески“-вели Јовчески.
Имено, од Општина
Прилеп на Тошески му подарија пригоден подарок
филигрански крст и икона, а наградата ја врачи градоначалникот Јовчески.
Освен во Прилеп
положување на светиот крст во водите имаше во селото Беровци каде најсреќен
беше Андреј Алексоски, во селото Тополчани најголема среќа за фаќање на светиот
крст имаше Драганчо Илиоски, во Големо Коњари среќата за фаќање на светиот крст
му беше поделена на Благојче Мантароски., во селото Мало Коњари најсреќен беше
Предраг Будиноски. На плетварското езеро во близина на прилепското село Плетвар
имаше над 200 учесници. Таму учесниците влегуваат во осветениот крст во водите
на место каде има обележано форма на крст, и при излегувањето го предаваат
крстот на следниот учесник кој е пријавен.
#Локално
Коментари
Постави коментар