Авионска несреќа над Вашингтон, се трага по преживеани

Во американското небо т.е на небото над Вашингтон се судрија патнички авион и  армиски  хеликоптер...

Страшна несреќа се сруши на американското небо поточно на небото над Вашингтон. Патнички авион со 64 патници и членови на екипажот се судри со армиски хеликоптер кои извршувал пробен лет. Авионот полетал од аеродромот Вичита во Канзас, а требало да слета на ареодромот „Ронал Реган“ кој е во близина на Вашингтон. Армискиот хеликоптер кои во тој момент извршувал пробен лет е познат како „Црн Јастреб“. Патничкиот авион и армискиот хеликоптер по судирот се урнале во водите од реката во близина на Вашингтон.

На местото на настанот според информациите од американсите медиуми се упатиле  возила на итната помош и противпожарните возила, а започната е истрага за пребарување и спасување на преживеаните лица од несреќата.

Градоначалничката на Вашингтон Муриел Боузер, вели дека авионот и хеликоптерот се во вода и фокусот е ставен на спасувањето на луѓето.

„Авионот и хеликоптерот се’ во вода. Фокусот во моментов е во спасувањето на луѓе“-вели вашингтонската градоначалиничка.

Ричард Бонет и Џон Донели од противпожарните служби велат дека операцијата  е сложена и активна, а ќе трае многу часови, според нив условите се многу тешки зашто ветрот на реката бил силен.

„Операцијата е активна и ќе трае многу часови“-вели Бонет.

„Операцијата е сложена. Условите за спасување се крајно тешки за оние што се на терен. Надвор е ладно, а ветрот на реката е силен“-вели Донели.

Имено, според податоците од американските медуми во патничкиот авион имало и руски државјани. Димитриј Песков, портпаролот на Кремљ вели дека податоците се точни и дека имаат лоши вести од Вашингтон, а до семејствата на загинатите упати сочувство.

„Гледаме дека овие податоци се точни. Денеска добивме лоши вести од Вашингтон. Жалиме и изразуваме сочувство до семејствата на нашите руски сограѓани“-вели Песков.

Роберт Исом, извршниот директор на „Американ Ерлајнс“ вели дека ативно работат со локалните, државните, федералните власти и со тимовите за одговор при вакви итни случаи.

„Активно работиме со локалните, државните и федералните власти, и со тимовите за одговор при итни случаи. Тимот за грижа на „Американ Ерлајнс“ е активиран за да им помогне на патниците и на нивните семссјтва“-вели Исом.

Очевидци за несреќата велат дека забележале чудни движења на авионите, но кога ги виделе противпожарните, полициските и возилата на итната медицинска помош сфатиле дека нешто се случува.

„Со мојата девојка бевме во паркот, кој се наоѓа веднаш до аеродромот во Реган. Уживавме во убавиот поглед при што забележавме дека авионите имаат неправилни и чудни движења, и тогаш видовме бели одблесоци. Најпрвин помисливме дека е ѕведа што паѓа, но кога ги слушнавме и видовме противпожарните, полициските и возилата на итната медицинска помош сфативме дека нешто се случило“-вели еден очевидец.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Х напиша дека несреќата можела да се спречи, а екпертите се прашуваат зошто армискиот хеликоптер не ги следел упатставата за силно ограничениот и фреквентен воздушен простор околу Вашингтон, американскиот главен град.


#Свет



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови