Градоначалникот на Општина Прилеп со честитка за Божиќ

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески го честиташе Божиќ...

Градоначалинкот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на својот официјален фејзбук профил излезе со честитка по повод рождеството христово Божиќ.

Јовчески во честитката вели дека Божиќ е ден на радоста, љубовта и заедништвото.

На овој свет ден кога го славиме Христовото раѓање, дозволете ми, во име на Општина Прилеп и во мое лично име, да ви упатам најискрени честитки по повод големиот христијански празник Божиќ.Божиќ е време на радост, љубов и заедништво. Нè потсетува на значењето на семејството, на добрината и на солидарноста. Нека овој празник ни донесе топлина во домовите, мир во срцата и надеж за поубава иднина.“-вели Јовчески во божиќната честитка.

Имено, Јовчески во честитката додава и дека треба да се зачува традицијата на меѓусебно почитување и помагање.

Да ја зачуваме традицијата на меѓусебно почитување и помагање, да градиме општество во кое ќе владее хармонија, разбирање и човечност. Овие вредности се темел на нашата заедница и водилка за просперитетен Прилеп.Ви посакувам здравје, среќа и благосостојба. Нека Божиќ ги исполни вашите срца со љубов и спокој, а Новата година нека донесе нови можности и успеси за сите нас. Христос се роди!“-додава Јовчески во честитката.


#Празнични честитки

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен