Приведена битолчанка која била барана со потерница
Лицето барано со потерница требало да издржува казна затвор во времетраење од шест месеци...
Денеска во 11 часот претпладне на улицата „Бранко Радичевиќ“ во Битола, полициски службеници од Министерството за Внатрешни Работи-Битоли и Секторот за Внатрешни Работи-Битола лишиле од слобода женско лице со иницијали В.М (59) од Битола.
Имено, В.М била барана со потерница која била издадена врз основа на наредба од страна на Основниот суд од Битола за издржување на шест годишна затворска казна за сторено кривично дело „измама’’ по челн 247 од Кривичниот Законик.
Од МВР и СВР-Битола информираат дека В.М е спроведена во затворот „Идризово’’ за издржување на казната.
#Македонија
Коментари
Постави коментар