Критична е состојбата на момчето од скопско Волково што доживеа струен удар

Детето има 17 години и вчера се обидувало да сними видео со предизвик за социјалната мрежа Тик-Ток...

Седумнаесет годишното дете кое во текот на вчершаниот ден доживеа струен удар е од скопско Волково. Детето во моментот на добивање на ударот било качено на вагон цистерна за да според информациите сними видео за социјалната мрежа Тик-Ток. Од МВР информираа дека по ударот детето се здобило со тешки телесни повреди (изгореници), а цистерната се запалила.

Од Ургентниот центар велат дека состојбата на детето е критична и дека прават максимални напори за да го спасат неговиот живот.

„Пацинетот во Ургентниот центар е примен вчера. Пациентот е примен со изгореници и во критична состојба, при што е хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребаната здравствена заштита, согласно сите медицински протоколи при што ги прават сите потребни максимални напори за спасување на неговиот живот.“-велат од скопскиот Ургентен центар.

Имено, момчето струјниот удар на вагонот цистерна го добил во општината Кисела Вода. Според информациите од МВР момчето до Ургентниот центар било пренесено со возило на Итната Медицинска Помош, а настанот се случил во 14:55 часот попладне.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен