Сиљановска-Давкова: Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова го честиташе Божиќ...

Претседателката на Македонија професор Гордана Сиљановска-Давкова преку честитка на социјалните мрежи го честиташе еден од најголемите и најрадосните празници во христијанската православна вера, а тоа е празникот посветен на Рождеството христово Божиќ.

Имам особено задоволство и чест на сите православни верници да им го честитам големиот христијански празник – Божиќ и да им посакам да го поминат во добро здравје, исполнети со радост и среќа.Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста.Христовото раѓање нè учи и инспирира како да сакаме, да шириме мир и хармонија, да им помагаме на беспомошните, безрезервно да даваме поткрепа и нудиме утеха.Божиќ ја симболизира животворноста на верата и надежта, како суштински за човековата природа.Да ги отвориме и на овој божиќен ден срцата за сите луѓе, да се обидеме да ја разбереме сечија потреба за среќа, да придонесеме за општествената благосостојба. Да го послушаме пастирскиот повик на Македонската православна црква и да влеземе во божјите храмови за да ја засилиме личната и националната духовност. Христос се роди!“-вели Сиљановска-Давкова во божиќната честитка.


#Празнична честитка

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп