За Водици ќе имаме сончево и тивко време со мала локална облачност

Од Управата за Хидрометеоролошки Работи на Република Северна Македонија (УХМР) известуваат дека...

Од УХМР известуваат дека во текот на денешниот ден ќе имаме сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Во поголем дел од денот по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -6 до највисоки 10 степени целзиусови.

Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден не очекува претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност време. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -4 до највисоки 12 степени целзиусови.

Прогноза за 20.1.2025 година (понеделник)

Според податоците од УХМР во понеделник не очекува утрото студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно време. Ќе дува слаб променлив ветер. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -8 до највисоки 11 степени целзиусови.

Прогноза за 21.1.2025 година (вторник)
Според податоците од УХМР во вторник не очекува п
роменливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -3 до највисоки 10 степени целзиусови.

Прогноза за 22.1.2025 година (среда)

Според податоците од УХМР во среда не очекува променливо облачно време кое ќе биде проследено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -4 до највисоки 12 степени целзиусови.

Временска најава

Во деновите од викендов ќе преовладува стабилно време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот.


Извор на информации: УХМР

#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови