СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се приклучи кон хуманитарните активности за Виктор Николоски

Виктор Николоски бил поранешен ученик во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп...

Прилеп градот херој, а сега и најхуманиот македонски град кои се обедини за да му помогне на неговиот сограѓанин Виктор Николоски.

Повеќе кафулиња, ресторани, невладини организации и кафетерии организираа хуманиарни активности за помош на Виктор Николоски, а кон овие хуманитарни активности се приклучува едно од најдобрите и најбарните прилепски училишта за средно стручно образование СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп.

Како што велат од училиштето Виктор, бил поранешен ученик во ова прилепско средно училиште, а од таму упатуваат апел до вработените, учениците, родителите и сите пријатели, да му погонат на Виктор за да го гради својот живот и да ужива со своето семејство.

За донации отворен е следниов линк pavelandreev.org. Паричните средства можат да се донираат во две валути, македонски денар и европско евро.

Едно големо браво и секоја чест за СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп од редакцијата на ИНФО-ПРИЛЕП!


#Локално




Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп