Починаа близнчиња во прилепско Славеј, лекарите велат дека биле премрзнати

Од ЦСР велат дека ќе има средби со родителите кои се невработени...

Прилепското село Славеј во општина кривогаштани утринава го потресе веста за смрт на две новороденчња-близначиња. Близначињата се машко и женско, и истите биле родени на 30.12.2024 година. 

Според информациите машкото починало во домот во Славеј, а женското и покрај укажаната лекарска помош (затоплување и реанимација) починало во прилепската болница. Бебињата биле родени со тежина под 2 килограми, а по барање на 24 годишната мајка бебињата биле отпуштени од ненонатолошкото одделние при што со мајката заминале дома во селото Славеј, каде брачната двојка живее од пред неколку месеци.

Имено, во домот во прилепско Славеј увид извршиле од Центарот за Социјални Работи од Прилеп од каде велат дека условите за живот биле скромни, во домот било затоплено, но според ЦСР хигиената била на завидно ниво. Од ЦСР додаваат дека семејството не било во социјален ризик бидејќи, истото земало додаток за трето дете и детски додаток, и дека со родителите ќе има соодветни средби. 

Инаку, според информациите мерките кој ќе бидат преземни од страна на наделжните институции со семејството ќе зависат од причината за смртта на бебеињата. Причината за смртта ќе биде позната после обдукцијата.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен