Граѓаните ја поддржуваат иницијативата за бојкот на маркетите в петок

Под слоганот „Попусто Попусти“ в петок бојкот на маркетите...

Под слоганот „Попусто Попусти“ за в петок се најавува бојкот на маркетите. Апелите за овој бојкот масовно се шират на социјалните мрежи, а тоа е се’ со цел да се изврши притисок врз трговците како последица на енормно високите цени.

Граѓаните ја поддржуваат оваа иницијатива и велат дека в петок нема да пазаруваат во маркетите. 

Имено, од големите ланец маркети, пак, велат дека имаат разбирање за револтот кај граѓаните-купувачите, а за следната недела најавија и промоции. 

Македонскиот премиер и претседател на македонската Влада Христијан Мицксоки најави дека се почнати големи инспекциски контроли во два големи ланци на маркети поради соменж за дигресија на законите, а според Мицкоски однесувањето на маркетите е напад врз стандардот на граѓаните.

Од друга страна пак економистите велат дека е добро и Македонија да го следи примерот на другите балкански земји за бојкот на маркетите. Бојкотот што е закажан за в петок е инспираран од бојкотот во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а за в петок во Хрватска  повторно е најавен бојкот на маректите.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп