Во Пробиштип лишени од слобода крадци

Од МВР известуваат дека...

Од МВР известуваат дека вчера во 14:35 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода лицата со иницијали С.А (28) од Радовиш и М.Е (40) од Штип, поради постоење на сомнение дека на 27.1.2025 година извршиле две кривични дела „тешки кражби“ во продажни објекти во Пробиштип и во Злетово, при што С.А и М.Е одзеле повеќе производи.

Имено, С.А и М.Е се сомничат и дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале. 

С.А и М.Е биле задржани во полициска станица и бил извршен службен разговор со нив при што од ОВР Пробишти велат дека против нив ќе следува соодветен поднесок.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми