Денеска бојкот на маркети, граѓаните од власта бараат контрола врз високите цени
Денеска во Македонија бојкот на маркетите поради високите цени...
Откако изминативе денови на социјалните мрежи кружеа информации за бојкот на маркети, денеска бојкотот се случи. Граѓаните велат дека се револтирани, а од власта бараат да преземе контрола врз високите цени главно на прехранбените производи.
Гордана Димитреиевска-Кочовска, министерка за финансии вели дека треба да се почитува законот за нефер трговските практите, но доколку од некој инстутции и маркети се најде злоупотреба на тие практите Димитриевска-Кочовски најави и соодветни мерки.
Во однос на тоа каков промет ќе имаат денеска маркетите останува да се види од податоците кои треба да ги добие Управата за Јавни Приходи, а трговците и коморите на институциите излегоа со апел да се најде соодветно системско решение за овој пробелм по пат на дијалог.
Денешниот бојкот на маркети под слоганот „Попусто Попусти“ доаѓа по примерот на Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, а нов бојкот на маркети беше најавен за денеска во Хрватска.
#Македонија
Коментари
Постави коментар