Лекар во Битола лишен од слобода поради примање на поткуп

Од СВР Битола известуваат дека...

Од СВР Битола информираат дека вчера во 17:00 часот во  просториите од Клиничката Болница „Др.Трифун Пановски“-Битола било лишено од слобода лицето со иницијали М.С (64) од Битола, кој лекар при хируршкото одделени во битолската болница.

Според информациите од СВР М.С се сомничи за сторено кривично дело „примање на поткуп“ кое е казниво по член 357 од Кривичниот Законик.  М.С по извршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско. 

Имено, кај М.С биле пронајдени и одземени парите кои претходно биле обележани. М.С е задржан во битолската полициска станица каде со него е извршен службен разговор, и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Битола.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп