Tурски бегалец од затвор фатен во Скопје

Лицето било барано со меѓународна потерница која била издадена од турскиот Интерпол...

Во текот на вчерашниот ден во 18:30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и Отсек потраги по претходна оперативна мерка на улицата „Бапчор“ во Скопје од слобода било лишено лицето со иницијали А.С (44) по потекло од Анкара, Турција. 

Имено, А.С бил баран со меѓународна потерница која била издадена од турскиот Интерпол поради бегство од затвор. А.С е осуден на затворска казна во времетраење од 23 години, 1 месец и 15 дена, а за доиздржување на казната имал уште 18 години, 9 месеци и 13 дена. 

Од Министерството за Внатрешни Работи информираат дека А.С е предаден на надлежниот суд за понатамошно постапување околу неговата екстрадиција во Турција.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!