Јовчески: Ова е прв владин проект каде имаме замена на 1024 метри водоводна мрежа која не е реконструирана повеќе од седум децении

Во прилепската населба Карабдалица каде има реконструкцијата на водоводна мрежа увид во работите извршија од Општина Прилеп и од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп...

Пред дестина дена во прилепската населба Карабдалица започна реконструкцијата на водоводната мрежа. Со реконструкцијата старите полиетиленски и бетонски водоводни цевки се занеменуваат со нови полиетиленски водовни цевки.

Денеска увид во реконструкцијата во оваа прилепска населба во централното градско подрачје изврши градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој вели дека реконструкцијата е прв владин проект каде има замена на 1024 метри водоводна мрежа која не била реконструирана повеќе од 7 децении.

„Ова е прв започнат владин проект, каде имаме замена на 1024 метри водоводна мрежа која не е’ реконструирана повеќе од 7 децении. Со реконструкцијата старите бетонски водоводни цевки се заменуваат со нови полиетиленски водовни цевки, на нив ќе ги има сите јазли и водомери кои ги заслужуваат граѓаните на Општина Прилеп. “ вели Јовчески.

Јовчески додава дека со реконструкцијата ќе се постават 7 нови хидранти, 24 приклучоци и 17 водоводни јазли. Според Јовчески до крајот на месец февруари треба да се започне со реконструција на улицата „Орде Тутески“ , улицата „Победа“ и треба да се започне со изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“.

„Со реконструкцијата ќе се постават 7 нови хидранти, 24 приклучоци и 17 нови водоводни јазли. Моментално се работи на улицата „Стеван Димески“, по завршувањето на оваа улица активностите се префрлаат на улицата „Орде Тутески“, улица која е од големо значење за централното градско подрачје. Со ова покажуваме дека сме спремни да ги извршиме капиталните проекти кој ги аплициравме во 2024 година. Наскоро со реализација ги започнуваме и другите два капитални проекти, а тоа е сообраќајницата на улица „Победа’’  и кружниот тек на мостот „Табана“ , каде уште подобро ќе биде решен сообраќајниот режим.“-додава Јовчески

Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп

Имено, според изјавата на прилепскиот градоначалник Јовчески, Општина Прилеп во 2024 година аплицирала за три проекти, а сумата изнесува 3.200.000 евра и со тоа општината ја исполнила рамката за реализација на такви капитални проекти при што Јовчески упати благодарност до македонската Влада и до македонскиот премиер и претседател на македонската влада, Христијан Мицкоски.

На денешниот увид за тоа до каде е реконструцијата на водоводната мрежа во прилепска Карабдалица присутен беше и директорот на ЈКП „Воовод и Канализација“ Игор Гулабоски кој рече дека за обнова на водоводна мрежа има прибилжно 100 километри од 200 километри и очекува реконструкцијата да заврши пред дадениот рок од 110 работни денови.

„За обнова на водоводната мрежа прилижно има околу 100 километри од вкупно 200 километри. Овде откако е започната реконструкцијата од ЈКП„Вододовод и Канализација“ сме презадоволни од ова темпо на работа, а реконструцијата на оваа улица се очекува да биде завршена пред дадениот рок од 110 дена. Се надеваме дека за 2 месеци улицата ќе биде вратена комплетно во првобитната положба.“-вели Гулабоски.

Игор Гулабоски, директор на ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп

Инаку, изведувач на реконструкцијата е фирмата за градежни активности Д.Г „Изгрев“ Д.О.О од Велес,  а протектант на реконструкцијата е фирмата  „Хидро Енерго Инженеринг’’ од Скопје.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен