Пензиите во Бугарија ќе се зголемат за 11 отсто

 Од 1 јули пензиите во Бугарија повисоки за 11 отсто...

    Владата на Република Бугарија донесе одлука со која пензиите ќе се зголемат за 11 отсто. Одлуката за зголемувањето на бугарските пензии ќе стапи на сила од 1 јули годинава.

    Деница Сачева од пратеничката група ГЕРБ на заедничкиот брифинг со претставници на бугарската влада вели дека потегот за зголемувањето на пензиите се презема согласно швајцарското правило за пензионери.

„Овој потег се презема согласно швајцарското правило за сите пензионери“-рече Сачева.

    Сачева додаде и дека дефицитот од 3 насто ќе се задржи, а приоритет и понатаму ќе биде еврозоната. 

     Предлогот за зголемување на бугарските пензии беше на два начини и тоа од 1 јули зголемување на пензијата требаше да имаат оние пензионери кои земаат пониска пензија, а пензионерите со повисоки пензии зголемувањето требаше да го добијат кога ќе се надмине растот на инфлацијата.


#Балкан


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови