По трет пат манифестацијата „13 Величествени“ во организација на Радио Пела

Радио Пела по трет пат ја организираше манифестацијата „13 Величествени“...

Фотографија-Радио Пела

По повод светскиот ден на радиото 13 февруари, а и по повод осум годишнината од постоењето на Радио Пела, синоќа беше по трет пат организирана манифестацијата „13 Величествени“. 

Манифестацијата е во организација на Радио Пела, а истата се одржа во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Признанија од оваа манифесатција добија повеќе успешни компании, 13 прилепчани и 5 мина млади луѓе кој со нивната работа, придонес и ангажман оставиле убав и голем медиумски в печаток.

Елизабета Филипоска од Радио Пела вели дека манифестацијата ја организираат по трет пат, а поводот е од Радио Пела да му дадат значењето на луѓето од Прилеп за нивниот придонес за 2024 година. Според Филипоска тие избираат 13 луѓе кои направиле нешто за општеството и оставиле белег, а начинот на изборот е според она што го објавувале медиумите, а кога медиумите го забележуваат тоа навистина треба да се даде внимание на луѓето кои не опкружуваат, а неа и е огромна чест што што голем број на луѓе ја имаат честа да ја видат манифестацијата „13 Величествени“. Манифестацијата се организира три години, а прекин на истата имало за време на пандемијата од корона вирусот.

Гордана Цветаноска од Радио Пела, пак вели дека локалните медиуми и нивните дописници се многу важни во Македонија. Со манифестацијата тие сакале да поттикнат за оние кои одлучуваат и оние кои понатаму ќе постигнат развој на локалните медиуми кои што всушност се гласот на народот. Новинарите се тие кои што нешто забележале и удостоиле за пофалби и критики, а според Цветаноска јавноста знае и треба да се цени. Во манифестацијата „13 Величествени“ има повеќе лица и компании како и здруженија кои со својата работа и ангажман допринеле за развојот во заедницата и го свртеле медиумското внимание.

Инаку, на манифестацијата имаше учесници од сите свери на културата, спортот, економијата, локалната заедница, новинарството и друго.

Честитки за организаторите и нагградените, а денес 13 февраури нека е честит светскиот ден на радиото кои е прогласен во 2013 година од страна на Обединетите Нации.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп