МВР: 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Од МВР соопштуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период...

     Во текот на вчерашниот ден од 09:30 часот наутро па се до 18:30 часот навечер на територијата на град Скопје беше спроведна зајакната акциска сообраќајна контрола при што од страна на сообраќајната полиција израечени се 262 сообраќајни санкции.

     Од санкциите 10 се за возење без возачка дозвола, три се за управување со нерегистрирано возило и непропуштање на пешаци на обележан пешачки премин, четири од санкциите за возачи почетници и 12 санкции се изречени за сообраќајни прекршоци што ги прават пешаците.

     Од МВР и сообраќајната полиција известуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниве денови, а од таму излегоа со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на сообраќајната безбедност за сите, и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови