Претставници од белгиско училиште во посета на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп (фото)

Претставници од училиште во Белгија во посета на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп...

Претставници од белгиско училиште Еразмус-партнер училиште на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп деновиве беа во посета на Прилеп. Претставниците од училиштето го посетија и прилепското СОУ„Ѓорче Петров“.

Имено, две професорки и тринаесет ученици од белгиското училиште беа пречекани од страна на директорката на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Жанета Видевска. Координатор на проектот е професорката Биљана Тошеска, а на истот проект се разменија многу мислења, идеи и ставови.

Учениците и професорките од училиштето во Белгија, присуствуваа и на неколку часови во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, а истите беа во посета и на други училишта во Прилеп.

При посетата претставниците од белгиското училиште за СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп донираа материјали за практична работа на текстилно-кожарската струка во училиштето, а како спомен од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп тие добија беџови изработени од филц со логото од училиштето. Беџовите беа изарботени од учениците во текстилно-кожарската струка. 

Инаку, од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп велат дека соработката со училиштето од Белгија ќе продолжи и во иднина.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп