Кражба на новиот водовод од манастирот „Трескавец“ кај Прилеп

Пуштањето на новиот водовод одложено за во месец март годинава...

Од старана на непознати сторители на манастирскиот комплекс „Трескавец“ во близина на Прилеп била направена кражба на каблите и на електрониката кои се дел од новиот водовод за манастирскиот комплекс „Трескавец“ во Прилеп. Поради кражбата пуштањето на водоводот се одложи и со тоа е оневозможено да се користат манастирските конаци за посетители и да се направи технички прием, бидејќи за истите мора да има вода.

Кражбата е во висина од околу 10.000 евра. Водоводот бил изгарден со 70% од средставата одобрени од ТАВ програмата, а 30% за изградбата на водоводот кофинансирала и Општина Прилеп.

Директорот на ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп Игор Гулабоски, вели дека водоводот треба да се обнови и во функција да се стави во месец март годинава, а според Гулабоски водоводот претходно бил ставен во функција но се чекале денови за резервоарите да се наполнат со вода.

„Украдени се кабли и дел од електрониката која сега во месец март треба да се обнови и да се стави во фунција. Водовод беше ставен во фукција, но во прашање беа денови за резервоарите да се наполнат со вода, а ние сакавме да бидиме таму и да се пофалиме со чинот на отворањето на новиот водовод на „Трескавец“. Зимскиот период го одложи второто ставање во фукција на водоводот, а март е месец кога по втор пат водоводот ќе биде ставен во функција“-вели Гулабоски.

Гулабоски додава и дека случајот е пријавен во полиција и дека од прилепски Водовод сакаат да бидат пронајдени стореителите.

„Случајот е пријавен во полиција, а ние сакаме што поскоро полицијата да ги открие сторителите.“-додава Гулабоски.

Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека општинарите работат на случајот за обезбедување на средства кои можат за ден или два да се намонтираат на тој водоводен систем.

„Работиме на случајот за повторно да се обезбедат потребните средства за набавка на материјалите кои што навистина за еден или два дена можат да се намонтираат на тој водоводен систем. Иворот, резервоарите и доставувањето на вода до маснатирот „Трескавец“ се комплетно обезбедени, останува само да го завршиме проектот и да го објавиме како завршен проект“-вели Јовчески.

Новите конаци беа изградени во 2021 година, но од тогаш па се до денес истите стојат празни бидејќи, на истите не е извршен технички прием поради фактот што во нив нема вода.

Инаку, старите конаци од манстирскиот комплекс „Трескавец“ на 4 февруари 2013 година изгореа до темел во пожарот кој го зафати овој манастирски комплекс. На манастирскиот комплекс Трескавец во Прилеп се наоѓа и цркавата „Успение на Пресвета Богородица“.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови