ЦУК: Спасен повреден планинар кај кичевското село Лавчани
Од Центарот за Управување со Кризи известуваат дека...
Од ЦУК информираат дека во текот на вчерашниот ден во 14:12 часот преку бројот за итни случаи 112 добиле пријава за спас на повреден планинар со скршеница на ногата. Планинарот се наоѓал над кичевското село Лавчани однодно бил бо влизина на мостот Два Камења во Општина Кичево. По пријавата според ЦУК веднаш била започната спасувачката акција.
Во спасувачката акција предводена од страна на ЦУК учевствувале лица од институциите и службите од системот за управување со кризи, локално население за спсување на повреден планинар.
Имено, планинарот се наоѓал на непристапен терен, а поради фактот што теренот бил непристапен лицето било превземено и пренесено до кичевско Лавчани со коњ од страна на локалното население. Лицето по пристигнувањето во Лавчани било превземено од страна на медицински тим од Итната медицинска помош од Кичево и од екипи на Полициска Станица Кичево, а потем лицето било пренесено во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија Свети „Еразмо“ во Охрид, каде му била пружена соодветна медицинска нега.
#Македонија

Коментари
Постави коментар