Граѓаните ги очекуваат пониските цени

Трговците се незадоволни од мерката за маржите...

   Граѓаните ги очекуваат намалените цени на прехранбените производи откако Македонската Влада во текот на вчерашниот ден реши да ги ограничи „замрзнатите цени“ на некои од производите. Трговците, маркетите и колонијалните продавници производите кои се намалени треба да ги означат со етикетата „Помалку трошоци повеќе за тебе“ и најмалку да обезбедат 70% од количините кои ги имале во јануари.

    Додека Владата прави нови обиди за да ги намали цените на прехранбените производи, дел од земјоделците стравуваат од несакани ефекти, а одлуката на 102 групи на производи предизвика лавина реакции кај трговците. Од Комората на трговците за големо и мало бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да се разгледаат последиците од овие мерки, а според комората пак, треба да се земат во предвид аргументираните предлози на комапниите од трговска дејност.

„Бараме итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаме последиците од оваа одлука. Сакаме во предвид да се земат аргументираните предлози на компаниите од трговска дејност“-велат од Комората на трговците за големо и мало.

    Инаку, Владата вчера донесе одлука да дејствува со две мерки, со едната да се ограничат цените на производите за 5% до 15% и тоа за 100 групи на производи, а со другата да се ограничат цените на производите за 5% и тоа за 8 продукти лебот, млекото, јајцата , брашното, и маслото.

    Според информациите од Владата одлуката за намалување на цените на производите за 5, 10 и 15% ќе стапи на сила ден по објавувањето во Службен весник, а од ДПИ велат дека додека трае мерката ќе вршат засилени инспекциски контроли, и за секое прекршување на мерката казните ќе се’ во висина до 20.000 евра.Мерката ќе ги опфати и двата најголеми верски празници во христијанството и исламот, Велигден и Рамазан Бајрам.


#Економија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови