Позната програмата за најновото издание на карневалот „Прочка“

Чествувањата за карневалот „Прочка’’ во Прилеп започнуваат в петок на 28.02.2025 година...

Со изложбата на  рачно изработените маски што ќе биде отворена в петок напладне во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а на која ќе бидат прогласени најдобрите маски започнува најновото издание на Карневалот „Прочка“ во Прилеп.

На 01.03.2025 година со почеток од 12:00 часот напладне на платото под прилепската градска саат кула по втор пат годинава ќе се одржи и презентира традиционалниот обичај „Амкање на јајце’’ кое е во организација на Пензионерското Здружение „Преродба“ , а на истата локација ќе има и забава со Robbie Ray Show.

Во недела пак, за празникот Велики Поклади-Прочка ќе се одржи централната манифестација со карневласката поворка и самиот Карневал „Прочка“. Поворката ќе тргне точно напладне од пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а истата ќе се движи по булеварот „Гоце Делчев’’ и ќе заврши на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ каде ќе биде поставена централната бина и ќе започне Карневалот „Прочка 2025’’ . Според информациите кои ги добивме од Општина Прилеп која е организатор на настаните, Карневалот „Прочка 2025“  ќе биде збогатен со жонглери, акробати, кловнови, куклери, а ќе има и други изненадувања за посетителите!

Имено, традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист Понеделник“ ќе се одржи во понеделник на 03.03.2025 година од 12:00 часот напладне во манастирот Свети Ѓорѓи Победносец во близина на прилепското село Присад. Ручекот ќе биде заедно со членовите на здружението „Прилепски Мечакри“ кои што всушност се и заштитен знак на прилепскиот Карневал „Прочка“. 

Инаку, според информациите кои ги добивме од Општина Прилеп од 28.02.2025 година заклучно со 02.03.2025 година работното време на угостителските објекти во Прилеп е продолжено за два часа. Ова продолжение на работното време на угостителските објекти се базира на членот 23 од законот за  угостителска дејност, кој што дозволува продолжување на работното време на угостителските објекти за време на некои манифестации.


#Локално 

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови