Пожар на кровна конструкција од куќа во Прилеп

Пожарот избувнал околу 16 часот...

Околу 16 часот пожар избувнал на кровна конструкција од семејна куќа, лоцирана спроти прилепската Универзална сала и позади бурекчилницата „Весна“ во Прилеп. Пожарот бил пријавен во ТППЕ Прилеп, од каде е интервенирано за многу кратко време. 

Кога пожарникарите пристиганеле на местото пламените јазици веќе ја имале зафатено целата кровна конструкција, а според Виктор Стојчески, заменик-командир на ТППЕ Прилеп еден пожарникар се здобил со лесни повреди. 

Причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а екипи на ТППЕ Прилеп остануваат на терен.

Инаку, во текот на денешниот ден пожар зафатил и целосно „пеплосал“ семеен дом во скопско Ново Село, а синоќа во 23:50 часот во ТППЕ Куманово било пријавено дека во центарот на Куманово има пожар во семеен дом. Пожарите се ставени под контрола и целосно изгаснати, а на терен остануваат пожарникари за во случај повтроно огнот да се разгори.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми