Пожарот на депонијата кај Алинци под контрола

Пожарот на депонијата кај Алинци е ставен под контрола...

По неколкудневната координирана акција од страна на надлежните служби, пожарот на депонијата кај прилепското село Алинци е ставен под контрола.

Во гасењето на пожарот покрај екипи на ТППЕ Прилеп учевствуале екипи на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, Министерствата за транспорт и врски и животна средина, ЈКП „Водовод и Канализација“-Прилеп и ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

На местото на пожарот нема густ чад, а од Општина Прилеп упатија апел до сите граѓани да постапуваат одговорно за сите заеднички да се грижиме за нашата животна средина.

„Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да Ве уверам дека ситуацијата е под контрола. Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици. Ангажирани се целата расположлива механизација и човечки ресурси, а огромна благодарност упатувам до компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Прилеп, a посебно до нашите јавни претпријатија ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, кои неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата. Благодарение на оваа заедничка акција, досега успеавме значително да го намалиме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот. Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апелирам до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас. Заедно можеме да обезбедиме почиста и побезбедна иднина за Прилеп!“-вели Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен