Во напад со руски дрон оштетена нуклеарната централа Чернобил
Нуклеарната централа Чернобил во украинскиот град Припјат синоќа беше оштетена во напад со руски ракетен дрон...
Во синоќешниот напад на Русија со дрон врз Украина беше оштетена куполата од експлодираниот реактор на нуклеарната централа Чернобил која е во близина на украинскиот сега веќе напуштен град Припјат. По нападот во централата настанал пожар, но истиот бил брзо изгаснат и ставен под контрола од страна на службите за итни случаи во Украјна.
Имено, прелиминарните проценки покажуват дека нивото на радијацијата засега е стабилно, но континуирано ќе се следи ситуацијата за да се спречат понатамошни оштетувања и опасности од радијацијата.
Инаку, според властите од Украјна синоќешниот напад е сериозна закана за ескалација на војната како и значителен ризик за глобалната безбедност.
#Свет
Коментари
Постави коментар