Асоцијацијата на земјоделци и фармери бара намалување на цената на лебот

Производителите на пченица бараат намалување на цената на лебот...

Асоцијата на земјоделците и фармерите бара цената на основниот прехранбен производ-лебот да се намали на 20 денари. Со моменталната цена на пченицата која изнесува од 9 до 11 денари, пресметките покажуваат дека сегашната цена на лебот која изнесува од 30 до 35 денари е висока.

За пекарниците и сите производители на леб, спрема трошоците моменталната цена на лебот е реална и прифатлива, а за брашното што го купуваат и со кое го прават лебот велат дека е мешавина од македонска и увезена пченица.

Имено, производителите се согласуваат дека зголеменото производство на леб може да влијае врз пониската цена  на лебот, а од македонската асоцијација на земјоделците и фармери бара субвенции за производството на пченицата, и цената на  средствата за нејзина заштита да се намалат за 50% , зашто според ниц тие се меѓу најскапите на балканот.

Инаку, потребите за пченица во Македонија се околу 360.000 тони, а нивното производство е намалено за околу 100.000 тони.


#Економија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми