Во Кавадарци фатени крадци веднаш по извршување на тешка кражба

Крадците одзеле нафта и други предмети...

Денеска во 00:30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода лицата со иницијали Т.Б и П.А двајцата на 27 годишна возраст и од Кавадарци. Т.Б и П.А од страна на полициските службеници од ОВР Кавадарци биле фатени веднаш по извршување на „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина, при што одзеле нафта и други предмети. 

Имено, во возилото во кое тие се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица. 

Од ОВР Кавадарци известуваат дека по целосно документирање на случајот против Т.Б и П.А ќе биде поднесена соодветна пријава.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми