Од денеска он-лајн ќе може да се гледаат недвижностите внесени во Агенцијата за катастар на недвижности

Новата он-лајн апликација од Агенцијата за катастар на недвижности овозможува електронски увид во вашиот статус на недвижности...

Агенцијата за катастар на недвижности денеска до медиумите испрати официјално соопштение во кое се вели дека од денеска во официјална употреба е пуштена он-лајн апликацијата која овозможува електронски увид во секое време за статусот на барањата кој се поднесени и заведени во електронскиот систем во Агенцијата за катастар на недвижности. 

Според соопштението со новата апликација ќе се зголеми ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници ќе можат брзо по електронски пат да го следат статусот на нивните недвижности. Откако ќе се поднесе барање на апликацијата, статусот на корисникот ќе му биде достапен во време кое не е поголемо од еден час.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми