Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен
Договорен е времениот режим за сообраќај додека се гради автопатот Прилеп-Битола...
Општина Битола денес беше домаќин на сите оние тимови кои работат на планирањето и изградбата на автопатот во Пелагонија што ќе треба да ги поврзи двата најголеми градови во пелагонискиот регион, Прилеп и Битола.
Имено, на денешната средба помеѓу тимовите присуствуваа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници од битолската општина, претставници на Јавното Претпријатие за Урабинистичко Планирање, Проектирање и Инжинеринг од Битола како и претсавници од Општина Могила. Ивзедувач на оваа патна инфраструктура е амриканско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Автопатот ќе се гради од влезот на Прилеп од страната на превојот „Плетвар’’, а ќе завршува на северната страна од Битола, кај постојаниот патен јазол од страната на селото Крклино.
Инаку, од секторот за односи со јавност од битолската општина излегоа со информација за тоа како ќе се реализираат планраните активности за време на изградбата на овој автопат, патните јазли, премини преку автопатот од селата, начинот на времениот режим , начинот на изведба со увид на пресеците и деталите на новопланираната состојба на трасата, останатите активности во однос на организација на градилиштето како и пренасочувањето на патниците во текот на градежните активности.
Инаку, според договорот изградбата на овој автопат кои ќе ги поврзува Прилеп и Битола треба да биде завршена до крајот на 2027 година.
#Македонија
Коментари
Постави коментар