Владата со одлуки за ограничување на маржите и со цените на основните производи
Владата донесе одлуки за ограничување на маржите и цените на основните производи...
Владата денеска донесе одлука за ограничување на брутопрофитната маржа за трговија со големо и мало. Мерката има цел да го заштити животниот стандард на граѓаните, и да ги намали трошоците за живот.
Марјан Ристески, заменик министер за економија вели дека владата донела одлука со која ќе се ограничи маржата на 102 групи на производи, а истата според Ристески опфаќа над 1.000 производи, а ограничувањето се 5% брутопрофитна маржа за осум прехранбени производи како леб, млеко, брашно од тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, кисело млеко и јогурт., за 10% брутопрофитна маржа се ограничува маржата на прехранбени производи, вклучувајќи ги месото и месните производи, шеќер, маргарин, млечни производи, кознервирано овошје и зеленчук, путер, тестенини, ориз и грав, а додека пак за 15% брутопрофитната маржа се менува на 39 производи и средства за хигиена како овошје, зеленчук, сапуни, купки, шампони, бебешки производи, детергенти и тоалетна хартија.
Именио, според анализите на ДПИ, досегашните маржи изнесувале од 20% до 25% за основни производи во трговија на мало, а 50% изнесувале за трговија на големо, пренесе Радио Лидер.
Според информациите на Радио Лидер покрај маржите владата донесе одлука за ограничување на највисоките цени на одумте основни прехранбени производи. Највисоки цени кои ќе бидат дозволени се оние цени кои се применувале до 1 февруари годинава.
Одлуките ќе стапат на сила еден ден по објавувањето во Службен весник и ќе важат до 30 април со што ќе се опфатат двата најголеми верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам. Според Владата оваа мерка треба да доведе до намалување на цените на одновните прехранбени производи во просек за околу 10% , а додека пак цените на осумте основни прехранбени производи ќе останат исти или пак и кај нив можно е мало поскапување.
Од ДПИ најавија дека ќе вршат засилени контроли на терен, а за сите оние кои ќе го пркршат новиот закон за нефер трговвските практите ќе следат ригорозни казни кои можат да достигант глоба и до 20.000 евра.
Во однос на законот за нефер трговски практики Ристески, најави дека контролата на спроведување е во наделжност на Комисијата за заштита од конкуренција. Комисијата работи од 1 јануари годинава, а наскоро истата ќе биде екипирана со осум нови вработувања.
Според Радио Лидер оваа мерка се воведува во време кога граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за живот. Владата очекува дека одлуките ќе придонесат за стабилизирање и намалување на цените, особено во пресрет на двата најголеми верски празници Рамазан Бајрам и Велигден.
Извор: Радио Лидер
#Економија
Коментари
Постави коментар