Привден криминалец во тетовско
Криминалецот е приведен за издржување на три годишна затворска казна...
Вчера во 19:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово и од Полициската Станица од Гостивар го лишиле од слобода и привеле лицето со иницијали Х.В (35), по потекло од Кавадарци.
Имено, Х.В бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во времетраење од три години и тоа за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по членот 215 од Кривичниот Законик и „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот Законик на Македонија.
Во соопштението од МВР стои дека Х.В е спроведен во Казнено-Поправната Установа Затвор „Идризово“ за издржување на тригодишната казна затвор.
#Македонија
Коментари
Постави коментар