Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели
За околу три недели се очекува во функција да биде ставена новата катна гаража позади пицерија „Леоне“ во Прилеп...
Новата монтажна катна гаража која што се гради во центарот на Прилеп, а нејзината локација е позади познатата прилепска пицерија „Леоне“, требаше во употреба да биде ставена уште во месец декември минатата година, но до ден денес истата сеуште не е ставена во употреба.
Прилепскиот градончалник Борче Јовчески вели дека катната гаража се очекува за употреба да биде пуштена за три недели, а според Јовчески изведувачот ќе сноси одговорност во облик на пенали за секое надминување на рокот.
„Спрема изведувачот се’ преземени сите законски мерки, а тоа значи дека за секое надминување на рокот ќе се пристапува со плаќање на пенали, со пресметување на секојдневни казнени мерки. Имавме состанок каде бевме запознаени со изведувачот, а тој ветува дека за три недели катната гаража ќе биде готова и ќе биде ставена во употреба“-вели Јовчески.
Јовчески во изјавата додава и дека за еден месец ќе биде готова и ставена во функција новата спортска сала во ООУ„Блаже Конески“-Прилеп кое се наоѓа во прилепската населба Точила.
„За еден месец отсега ќе биде готова и ставена во функција новата спортска сала во ООУ„Блаже Конески“-Прилеп“-додава Јовчески.
#Локално
Коментари
Постави коментар