Лишени 12 лица од слобода во Прилеп
Лицата се лишени од слобода поради пуштање на музика во денови на жалост...
Од Министерството за Внатрешни Работи излегоа со соопштение во кое се вели дека во време на жалост лишени од слобода се 17 лица. На подрачјето на Скопје лишени од слобода се малолетно лице и сопственик на угостителски обејкт, во Прилеп од слобода се лишени 112 лица, во Кичево од слобода е приведено едно лице-сопственик на угостителски објект, а додека пак, на подрчајето на Куманово лишени од слобода се две лица и тоа менаџер и управител на угостителски објект.
„На 22 и 23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект.“-стои во соопштението од МВР.
Инаку, од МВР додаваат и дека по целосно документирање на случаите, против сите 17 лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
#Македонија
Коментари
Постави коментар