Тошковки: Осомничени се 20, а во полициска станица се околу 15 лица

Министерот за внатрешни работни Панче Тошковски на прес-конференција рече дека се’ осомничени 20, а во полициска станица се наоѓаат околу 15 лица...

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски на прес-конфренцијата која се случи попладневно изјави дека осомничени се 20, а во полициска станица се околу 15 лица. Прес-конференцијата се случи пред полициската станица во Кочани, а истата беше во врска со трагичната несреќа во кочанската дискотека „Пулс“ во која што животот го загубија 59 лица, а 155 лица се тешко повредени.

Дел од осомничените за предизвикување на овој настан се починати, дел се во болница. Четири  лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, менаџер на дискотеката. Дел од приведените лица се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој настан согласно доказите, приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина во рамки на кривични дела поврзани со овој настан, приведени се поранешен државен секретар во министерството за економија, поранешен и сегашен раководител на еден сектор во Министерство за економија, приведен поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата, дел биле вклучени во рамки на обезбедување, активности, организирање на настанот. Разговор во МВР е извршен со над 25 лица, очевидци, и ќе продолжиме континуирано да истражуваме“-рече Тошковски.

Имено, според информациите лиценцата за работа на дискотеката и била одмна истечена, а фалсификувана лиценца за работа дискотеката имала до 2024 година.


#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови