По 23 пат се одржа карнеавлот „Прочка“ во Прилеп (фото)

Карневалот „Прочка“ се одржа на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп...

Со отворањето на традиционалната изложба, преку стариот вековен обичај „Амкање“, денеска чествувањата за Велики Покалди-Прочка кулминираа со традиционалниот карневал „Прочка 2025“ во Прилеп.

На карневалот имаше околу 600 учесници поделени во 30 поединечни и групни маски од повеќе македонски градови кои продефилираа во центарот на Прилеп каде што се одржа и карневалското дефиле.

Членките од здружението „Преродба“ кои беа маскирани за нивнавата маска „Го пратиле дедо в планина“ велат дека значењето на нивната маска е праќањето на дедото в планина за да го изедат мечките.

Значњето на нашата маска „Го пратиле дедо в планина“ е во тоа што дедото треба да го изеддат мечките, но дедтото се вратил со мечиња, а потоа и со невести. Дедото е мераклија на винце и ракиче, но и на невести“-велат членките од здружението „Преродба“.

Ученици од основно училиште од Пробиштип велат дека нивната маска ги претставува веселите пирати,и дека после секој пораз доаѓа среќа и победа.

„Ние доаѓаме од Пробиштип, а тука сме да ја претставиме нашата маска која ги претставува веселите пирати. Со маската сакаме да кажеме дека после секој пораз доаѓа победа и среќа“-велат учениците од основното училиште од Пробиштип кои беа гости на овогодишното 23 издание на карневалот „Прочка“.

На овгодишното издание од карневалот „Прочка“ имаше учесници и од охрдското село Куратица, а нивнната маска беше фараони кои ја чуваат Клеопатра.

„Доаѓаме од охридското село Куратица. Симболот на нашата маска е во тоа што ние ја чуваме Клеопатра, а кај нас се може да помине онака како што треба, дури и Клеоптра“-велат учесниците од охридско Куратица.

Од здружението „Прочкари“ кои на карневалот „Прочка“ учевствуваат од неговото основање велат дека нивната маска се вика „Бродо на дедо Ное“ и го претставува потопот на Дедо Ное и големата казна од господ која човештвото ја заслужила.

„Нашата маска го претставува потопот на дедо Ное, но ја претставува и големата казна од Дедо Боже која што човештвото ја заслужува зашто, во светот има многу злоба, кражби и омраза“-велат од здружението „Прочкари“ за нивата маска „Бродо на дедо Ное.

Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, вели дека со зворовите „Простете“ и „Нека е простено“ се докажува умешноста за оддавањето на почит кон постарите, но и за се она кое се’ случило да се побара прошка од нив.

„Со зборовите „Простете’’ и „Нека е простено“ докажуваме дека знаеме и умееме да оддадеме почит кон постарите, но и да побараме прошка од нив за се она кое што се случило во текот на годината.“-вели Јовчески.

Јовчески, додава и дека покрај врнежливиот ден во Прилеп на карневалот има голем број на пријавени учесници но, има и скриен маски кои се изработени од страна на учениците и нивните наставници ментори.

„Покрај врнежливиот ден во Прилеп , има огромен број пријавени посетители и групи скриени под маски кои се изработени од страна на учениците и нивните наставници ментори. Имаме гости од повеќе градови на Македонија.“-додава Јовчески.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека традицијата за карневалот „Прочка“ во Прилеп е убава и треба истата да се чува.

„Традицијата за „Прочка“ е многу убава, посебно во нашиот град. За прочка секогаш сум среќен затоа што се облекуваш во тоа што сакаш и ги посетуваш роднините, пријателите и карневалот, а на истиот имам учевствувано три години.“-вели граѓанин на Прилеп и посетител на карневалот „Прочка 2025“.

„Традицијата особено со карневалот „Прочка“ е доста интересна и треба истата да ја зачуваме за наредниве години кои доаѓаат.’’-вели посетителка на карневалот „Прочка 2025“.

Инаку, овогодишните чествувања за празникот Велики Поклади-Прочка завршуваат утре со традиционалниот посен касапски ручек со здружението „Прилепски Мечкари“, а ручекот ќе се одржи во манастирот „Свети Ѓорѓи Победоносец “ во прилпеското село Присад.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп