Пракажана вековната традиција „Амкање“ за „Прочка“ во Прилеп (Фото+Видео)

Амкањето на јајце во Прилеп е прикажан по втор пат годинава од страна на членовите од здружението „Преродба“...

Денеска на платото под прилепската градска саат кула од страна на членвите од здружението „Преродба“ пред прилепчани и сите посетители беше прикажан стариот вековен обичај односно старата вековна традиција „Амкање“.

Амкањето беше претставено по втор пат, а истото е дел од чествувањата за празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп. Обичајот се состои во тоа што едно варено јајце со лушпа се врзува за конец, а конецот се врзува за дрвено сукало и еден се обидува да го лапне јајцето. Според старите верувања оној кој што ќе биде најсреќен со лапнувањето на јајцето ќе го следи среќа и бериќет преку целата година.

Јелица Вучетиќ, членка на здружението „Преодба“ вели дека младите оваа вековна традиција „Амкање’’ ретко ја практикуваат, а според неа полмадите одат кај постарите за да се простат, а и старите прават грешки кои се свесни или не, пак така и тие се простуваат.

„Се прави семејна вечера со мазник, сирење и јајца зашто неделата е сирна, и има радост за децата со амкањето на јајце. Ние од здружението „Преорба“ сакаме овој обичај да го претставиме тука, зашто младите ретко го практикуваат. На семејната вечера младите одат кај постарите и се простуваат. Ние старите се простуваме зашто, и ние правиме грешки без разлика дали се свесни или пак, несвесни. Амакањето јајце значи дека вечерата е последна мрсна и устата се затнува со бело јајаце, а за Велигден устата се отвора со црвено јајце, кога и ќе завршат велигдеските пости“-вели Вучетиќ.

Ленче Спиркоска, членка на здружението „Преродба“ вели дека доколку во текот на годината нешто се згрешило се бара прошка со зборовите „Простете“ и „Простено ви е од нас и од Господ“, а според неа членовите од здружението „Преродба“ неколку години учевствуваат на карнелаот, а на овогодишното издание на карневалот „Прочка 2025’’ учевствуваат со точката под име „Го пратиле дедо во планина“.

„Верувањето за Прочка е доколку во текот на годината нешто се згрешило , треба да се побара прошка од родителите и постарите со зборовите „Прсостете“, а оној кој простува вели „Простено ви е од нас и од Господ“. Ние од здружението „Преодба“ секогаш сме активни за Прочка, не само со амакањето на јајце и трпезите кои го подготвуваме, туку одиме и на карневалот. На карневалот неколку години учествуваме со точки, а годинава нашата точка се вика „Го пратиле дедо во планина“-вели Спиркоска

Имено, граѓаните кои ги анкетиравме велат дека традицијата е убава , треба да се чува, и да се пренесува на помладите генерации.

„Традицијата за амкањето на јајце е вековна и убава традиција, и истата треба да се чува и да се пренесува на помладите генерации кои доаѓаат“-вели посетителка на настанот.

„Настанот „Амкање на јајце’’ е прекрасен, и мислам дека таа традиција треба да ја пренесуваме на нашите деца, внуци,  правнуци.“-вели посетител на настанот.

Инаку, здружението „Преродба“ постои веќе 18 години, формирано е во 2006 година и се до ден дене истото е активно, со многу активности и настани кои што се случуваат во градот под Марковите Кули, Прилеп но, неговите членови одат и во другите градови доколку истите се поканети.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен