Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)
По повод денот на жената
осми март ученици од здравствената струка, профил фармацевстки техничар денеска
на платото под прилепската градска саат кула на посетители и граѓани беплатно
им мереа шеќер во крвта, крвен притисок, а во соработка со аптеката „Зегин“ тие
мереа и витаминско-минерален статус.
Венера Николова
Мишачковска професор по стручните предмети вели дека
настанот со учениците го подготвувале околу еден месец, а учениците од профилот
фармацевтски техничар изработиле повеќе видови на масти.
„Настанот го подготвуваме околу еден месец. Учениците од
профилот фармацевтски техничар изработија масти, и тоа масти за петици, салицилна
маст, камфорна маст, маст против реума и маст за усни.“-вели Николова Мишаковска.
Николова
Мишачковска додава и дека покрај продажбата учениците мереле шеќер во
крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус во соработка со
аптеките на „Зегин“. Според Николова
Мишачковска соработката со аптека „Зегин“ дошла затоа што, нивни ученици оделе таму на феријална пракса и учење
преку работа кај работодавач.
„Покрај продажбата на мастите, нашите ученици мерат шеќер
во крвта, крвен притисок, а во соработка со аптека „Зегин“ мерат
витаминско-минерален статус во организмот. Соработката со аптеки „Зегин“ дојде
затоа што, наши ученици одат таму на феријална праска и на учење преку работа
кај работодавач“-додава Николова Мишачковска.
Ивана Богојевска, ученичка
во трета година во здравствената струка и во профилот фармацевтски техничар вели
дека граѓаните на настанот ќе имале можност да мерат крвен притисок, шеќер во
крвта и витаминско-минерален статус. Според Богојевска во Прилеп почесто треба
да има настани од ваков вид, а за денешниот настан таа се надева дека ќе
прерасне во традиција.
„Граѓаните кој се присутни на денешниот настан ќе имаат
корист со тоа што ќе си мерат крвен притисок, шеќер во крвта и
витаминско-минерален статус во организмот. Треба почесто да се организираат
вакви настани, а денешниот настан мислам дека ќе прерасне во една традиција
затоа што, настанот е доста интересен, и граѓаните ќе имаат корист од истиот“-вели Богојевска.
Катерина Милевска,
ученичка во четврта година во профилот фармацевтски техничар вели дека настанот
е доста интересен и треба да прерасне во традиција, а според Милевска граѓаните
сакале вакви настани кои биле поврзани со здравјето.
„Денешниов настан е доста интересен, вакви настани
претходно нема организирано. Настанот сметам дека треба да прерасне во
традиција, а граѓаните сакаат вакви настани кои се поврзани со здравјето
бидејќи, тука овозможивме повеќе можности за здравјето на посетителите. Настанот
е подобар за постарите граѓани, и треба почесто да се повторува.“-вели Милевска.
Милевска додава и дека
дијабетесот е се’ почест кај младите и дека тие треба да внимаваат на нивната
исхрана.
„Дејабетесот кај младите е се почест, и мислам дека треба
да се намали со јадењето на благо бидејќи, е штетно за здравјето особено уште
во млада возраст кога се јавува. Младите треба да внимаваат на исхраната“-додава Милевска.
Имено, настанот беше
посетен од голем број на граѓани, а истиот беше пропратен и со музичка забава
за која се погрижија од музичката групата The Doctors која што е во состав на
Марко Стојаноски (гитара), Ѓорѓи Петкоски (бас гитара), Филип Сотиров (гитара),
Ивана Стојкоска (гитара), Вилијам Спиркоски (ударни инструменти), а вокали на
групата се, Марија Котеска и Марија Наумоска, а како специјален музички гостин
беше поканет Сергеј Попоски кој се прослави по учеството во музичкото шоу „Пат
до ѕвездите“ и по настапот на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, а
Попоски исто така е главен вокал на музичката група The Doctors.
Инаку, на настанот учевствуваа ученици од втора,
трета и четврта година при што, учениците на сите жени им го честитаат осми
март, меѓународниот ден на жената, а на присутните им поделија и пригодни
подароци .
Коментари
Постави коментар